cFos IPv6 Link сега подржува повеќе префикси од различни извори, пр. различни рутери или DHCPv6 сервери. Со повеќе префикси, проблемите со селекциите на адресите дискутирани во RFC 3484, RFC 5220 и RFC 5221 се појавуваат. Како решение, дистрибуирање на полица за селекција на адреси користејќи DHCPv6 е предложена во драфтот:
http://tools.ietf.org/html/draft-fujisaki-dhc-addr-select-opt-08
cFos IPv6 Link го подржува овој вид апдејт механизмот преку DHCP контролирана полица на следниот начин:
1. Опции за праќање и елицитирање на DHCPv6 побарувања. Во конфигурацискиот фајл cfos6link.ini може да ги креирате секциите [DHCPv6_stateful_options] и [DHCPv6_stateless_options] и внесете следниве клучеви:
oroN=value , N from 0..., value=decimal value of option to request with OPTION_ORO
optionN hex,hex,hex,... , hex values for custom DHCPv6 option
Вредностите за овие опции се праќаат или со stateful или со stateless DHCP побарувања. Ова дозволува да се испратат дополнителни (custom) DHCPv6 опции до ISP.
Затоа можете да добиете OPTION_DASP (и други опции) од DHCPv6 серверот.
2. Вклучува прилагодување на табелата со полиси. Бидејќи самата вредност за идентификаторот на OPTION_DASP не е моментално стандардизирана од IANA, можете да ја конфигурирате во cfos6link.ini, во секцијата [param] со
option_dasp= вредност (децимална)
Доколку овој клуч е поставен, cFos IPv6 Link пребарува вредноси за stateful и stateless DHCP опции од DHCPv6 одговорите и ги евалуира според DASP нацртот. Потоа соодветно ја прилагодува табелата на полиси на Windows:
Доколку prefix/length парот веќе постои во системската конфигурација, тогаш е конфигуриран со нови вредности за label и precedence, но никогаш избришан. Доколку prefix/length парот не постои, ќе биде додаден.
Ова му дозволува на ISP да постави DHCPv6 DASP опции за ситуации кога има повеќе префикси и осигура точни изворни и & дестинациони адресни селекции.
За повеќе информации, видете WHATSNEW.TXT во cFos IPv6 Link инсталациониот фолдер.
Пример содржина на cfos6link.ini фајлот (за OPTION_DASP вредност од 100):
[param]
option_dasp=100
[DHCPv6_stateful_options]
oro1=100
[DHCPv6_stateless_options]
oro1=100
За промените да бидат ефективни, може да е потребен рестарт.
NAT46 мапирањето ви дозволува да користите IPv4-only апликации со IPv6 дестинации или да направите IPv4-only сервиси да бидат достапни од IPv6. cfos6link сега може да мапира сообраќај од IPv4-only апликации на IPv6. За да го направи тоа, привремено асоцира IPv6 адреса со привремена IPv4 адреса. Можете да го одредите опсегот на IPv4 адреси со сетирање на nat46_addr=x и nat46_subnet_mask=m во [param] секцијата на cfos6link.ini. Доколку IPv4 апликација побара име преку DNS (пр. во A record) cfos6link го менува тоа побарување во AAAA record. Откако ќе ја добие соодветната IPv6 адреса, и доделува привремена IPv4 за таа IPv6 и ја враќа на IPv4 апликацијата. Кога и да ја повика IPv4 апликациита привремената адреса, истата ќе биде мапирана на IPv6 адресата за користење на IPv6 дестинација. Како пример, можете да го доделите следниов опсег на IPv4 адреси за мапирање:
[param]
nat46_addr=10.0.0.0
nat46_subnet_mask=255.0.0.0
За дојдовни конекции можете исто да одредите мапирање на порта, со пополнување на секцијата [nat46_ports] во cfos6link.ini со вредности, како овие:
5000 = некој_програм
Дојдовниот IPv6 сообраќај е мапиран на IPv4 секогаш кога дестинациската порта е една од мапираните порти.
Дополнително, можете да додадете статични IPv4 <-> IPv6 мапирања за апликациите кои користат hard-coded IPv4 адреси. Може да ги одредите овие мапирања со пополнување на секцијата [nat46_static] со вредности како <ipv4_addr>=<ipv6_addr>, пример 192.168.2.1=2001:DB8::1
Како да поставите и користите NAT64 на cFos IPv6 Link.